Samsung GT-E1050 Bedienungsanleitung

Stöbern Sie online oder laden Sie Bedienungsanleitung nach Smartphones Samsung GT-E1050 herunter. Samsung GT-E1050 Упатство за користење Benutzerhandbuch

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 2
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 0
www.samsung.com
Правилата за изложеност на радио бранови користат единица
мерка позната како Специфична стапка на апсорпција (Specic
Absorption Rate) или SAR. Границата на SAR за мобилни уреди е
2,0 W/kg.
Тестовите за SAR се спроведуваат користејќи стандардни
оперативни положби според кои уредот емитува на своето
највисоко сертифицирано ниво на моќност во сите тестирани
опфати на фреквенција. Највисоките SAR вредности според
правилата на ICNIRP за овој модел на уред се:
Максимум SAR за овој модел и услови според кои бил
регистриран
Главен SAR 0,789 W/kg
SAR при носење на тело 0,414 W/kg
При употреба, фактичките SAR вредности за овој уред се обично
многу под вредностите наведени погоре. Тоа е бидејќи, заради
системска ефикасност и за минимизирање на пречките во мрежата,
оперативната моќност на Вашиот мобилен уред автоматски се
намалува кога не е потребна полна моќност за повикот. Колку
е пониска излезната моќност на уредот, толку е помала SAR
вредноста.
Врз овој уред, извршен е тест за SAR при носење на тело на
растојание од 1,5 cm. За да ги исполни упатствата за изложување
на радио-фреквенција при носење на тело, уредот мора да биде
поставен на растојание од барем 1,5 cm од телото.
Организации, како Светската здравствена организација и Управата
за храна и лекови на САД, предлагаат ако луѓето се загрижени
и сакаат да ја намалат нивната изложеност, можат да користат
дополнителна опрема за разговор со „слободни раце“ за да го
држат безжичниот уред подалеку од главата и телото за време
на неговата употреба или да го намалат времето поминато во
користење на уредот.
За повеќе информации, посетете www.samsung.com/sar и побарајте
го Вашиот уред со пребарување на неговиот број на модел.
Printed in Korea
GH68-35066B
Macedonian. 05/2013. Rev. 1.5
GT-E1050
Мобилен телефон
упатство за корисникот
Некои од содржините во ова упатство можат да се разликуваат
од Вашиот телефон во зависност од софтверот на телефонот
или Вашиот давател на услуга.
Услугите на трети страни можат да бидат укинати или
прекинати во кое и да е време и Samsung не дава никакви
изјави или гаранции дека која било содржина или услуга ќе
биде достапна во кој било временски период.
Овој производ содржи одреден бесплатен софтвер или
софтвер „со отворен код“. Точните услови на лиценците,
одрекувањата на одговорност, признанијата и известувањата
се достапни на веб-локацијата на Samsung
opensource.samsung.com.
Безбедносни мерки на претпазливост
www.sar-tick.com
Овој производ ги исполнува
применливите национални граници
на SAR од 2,0 W/kg. Специфичните
максимални вредности на SAR
можат да се најдат во поглавјето
од ова упатство за Информации
за SAR (Specic Absorption Rate)
сертификатот.
Кога го носите производот или го
користите додека го носите на Вашето
тело, одржете растојание од 1,5 cm од
телото за да осигурате усогласеност
со прописите за изложување на
радио-фреквенција.
Предупредување: Спречете електричен шок,
пожар и експлозија
Не користете приклучни кабли или приклучоци или лабави
електрични штекери
Не допирајте го приклучниот кабел со мокри раце и не
исклучувајте го полначот со извлекување на кабелот
Не превиткувајте и не оштетувајте го приклучниот кабел
Не користете го Вашиот уред додека се полни и не
допирајте го уредот со мокри раце
Внимавајте да не дојде до краток спој на полначот или на
батеријата
Не испуштајте го и не предизвикувајте удари на полначот
или на батеријата
Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен. Бидете
во можност да пристапите до Вашиот безжичен уред без да
ги тргнете очите од патот. Ако добиете повик во несоодветно
време, препуштете и на гласовната пошта да одговори наместо
Вас.
Посочете му на лицето со кое разговарате дека возите.
Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни
временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ сообраќај
може да бидат опасни.
Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви.
Пишување на листата со задачи или листањето по Вашиот
адресар го одзема Вашето внимание од Вашата примарна
одговорност за безбедност при возењето.
Бирајте разумно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога
не сте во движење или пред да се вклучите во сообраќајот.
Обидете се да ги планирате Вашите повици кога не сте во
движење. Ако морате да остварите повик, одберете само
неколку цифри, проверете го патот и огледалата на автомобилот
и потоа продолжете.
Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои
можат да го оттргнат Вашето внимание. Посочете им на лицата
со коишто разговарате дека возите и прекинете ги разговорите
кои што можат да го оттргнат Вашето внимание на патот.
Користете го Вашиот уред за да повикате помош. Одберете ги
локалните итни броеви во случај на пожар, сообраќајна несреќа
или медицински итни случаи.
Користете го Вашиот уред за да им помогнете на другите во итни
случаи. Ако видите сообраќајна несреќа, злочин што е во тек
или сериозен итен случај каде се загрозени животи, повикајте
некој локален број за итни случаи.
Повикајте број за помош на патот или друг број за помош, не за
итни случаи, кога тоа е потребно. Ако видите расипано возило
коешто не претставува сериозна опасност, скршен сообраќаен
знак, помала сообраќајна несреќа во која никој не е повреден
или возило за коешто знаете дека е украдено, повикајте број за
помош на патот или друг број за помош, не за итни случаи.
Внимателно ракувајте со SIM картичките и со мемориските
картички
Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима
информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на
податоците и/или оштетување на картичката или уредот.
Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет
и електрични пречки од другите уреди.
Не ги допирајте златно обоените контакти или полови со прсти
или метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја
картичката со мека крпа.
Обезбедете пристап до услугите за итни случаи
Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат
возможни во некои подрачја или околности. Пред патување во
оддалечени или неразвиени подрачја, испланирајте резервна
метода за контакт со персоналот задолжен за итни повици.
Осигурете се да правите бек-ап на важните податоци
Samsung не е одговорен за губењето на податоци.
Не распространувајте материјали со заштитени авторски
права
Не распространувајте материјали со заштитени авторски права
кои сте ги снимиле на други без дозвола од сопствениците на
содржината. Правејќи го тоа може да доведе до прекршување на
законите за авторски права. Производителот не е одговорен за
било какви правни прашања предизвикани од илегалната употреба
на материјали со заштитени авторски права.
Информации за SAR (Specic Absorption Rate)
сертификатот
ОВОЈ УРЕД ГИ ИСПОЛНУВА СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ
ПРАВИЛА ЗА ИЗЛОЖЕНОСТ НА РАДИО БРАНОВИ
Вашиот мобилен уред емитува и прима радио бранови.
Дизајниран е така што нема да дозволи надминување на
границите за изложеност на радио бранови (радио-фреквентни
електромагнетни полиња) препорачани од меѓународните
правила. Правилата беа развиени од страна на независна
научна организација (ICNIRP) и вклучуваат суштинска маргина на
безбедност дизајнирана за да осигура безбедност на сите лица,
без разлика на возраста и здравјето.
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во Европската унија и другите европски
земји со системи за одвојување на отпадот)
Оваа ознака на производот, додатниот прибор или
литература дека производот и неговите додатни
електронски прибори (на пр. полнач, слушалки, кабел за
USB) не треба да бидат изложени со други отпадоци од
домаќински апарати на крајот од нивниот работен век.
За избегнување на возможна штета врз околината или човечкото
здравје со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме овие
содржини да го одвоите од другите видови отпад и одговорно да ги
рециклирате за унапредување на оправданото повторно користење
на материјалните ресурси.
Корисниците од домаќинството можат да се обратат или во
продавницата каде што го купиле овој производ, или во локалната
администрација, за детали каде и како да извршат рециклирање на
овие содржини кое е безбедно по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до нивниот добавувач и
да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој
производ и неговите додатни електронски прибори не треба да се
мешаат со другиот комерцијален отпад.
Правилно отстранување на батериите од овој
производ
(Применливо во Европската Унија и други европски
земји со засебни системи за враяање батерии)
Оваа ознака на батеријата, во упатството или на
пакувањето означува дека батериите од овој производ
не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад
од домаќинството на крајот од нивниот работен век. Каде што
се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека
батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното
ниво во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се отстранат
правилно, овие супстанции можат да предизвикаат штета врз
човековото здравје или животната средина.
За заштита на природните ресурси и поддршка на повторното
користење на материјалните ресурси, Ве молиме да ги одвоите
батериите од останатиот отпад и да ги рециклирате преку Вашиот
локален, бесплатен систем за враќање на батерии.
Соодветна грижа за мобилниот уред и негова
употреба
Уредот мора секогаш да биде сув
Влажноста и другите видови на течности може да ги оштетат
деловите на уредот или електронските кола.
Кога е влажен, отстранете ја батеријата без да го вклучите уредот.
Исушете го уредот со крпа и однесете го во некој сервисен
центар.
Течностите ќе ја променат бојата на ознаката што означува
оштетување предизвикано од вода. Оштетувањата предизвикани
од вода ја поништуваат гаранцијата на производителот.
Не користете го и не чувајте го уредот во прашливи,
валкани подрачја
Правот може да предизвика дефект на Вашиот уред.
Не чувајте го Вашиот уред на стрмнини
Ако уредот падне, може да биде оштетен.
Не го чувајте телефонот на места со висока или со ниска
температура. Користете го уредот на температури од
-20° C до 50° C
Уредот може да експлодира ако е оставен во затворено возило
ако внатрешната температура достигне 80° C.
Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина за
подолг временски период (како што е контролната табла на
автомобилот).
Чувајте ја батеријата на температури од 0° C до 40° C.
Не чувајте го уредот со метални предмети како парички,
клучеви или ѓердани
Уредот може да биде деформиран или да претрпи дефект.
Ако краевите на батеријата дојдат во контакт со метални
предмети може да предизвикаат пожар.
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња
Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се
испразни од изложувањето на магнетни полиња.
Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички,
телефонските картички, штедните книшки и картичките за
интернат можат да бидат оштетени од магнетните полиња.
Не користете футроли или дополнителен прибор со магнетски
затворачи или не дозволувајте Вашиот уред да биде во контакт
со магнетски полиња подолг временски период.
Не чувајте го уредот во близина или во грејачи,
микробранови печки, опрема за готвење или контејнери со
висок притисок
Батеријата може да истече.
Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на
уредот
Екранот на уредот може да биде оштетен.
Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде
оштетен и некои делови може да не функционираат.
Не користете светло во близина на очите на луѓе или
животни
Користењето на светлото во близина на очите може да предизвика
привремено губење на видот или оштетување на очите.
Обезбедете максимален век на траење на батеријата и
полначот
Одбегнувајте полнење на батериите повеќе од една седмица,
бидејќи преполнувањето може да го скрати векот на траење на
батеријата.
Со тек на време, батериите кои не се користат ќе се испразнат и
мора да бидат повторно наполнети пред користење.
Исклучете ги полначите од струја кога не се користат.
Користете ги батериите само за целта за која се наменети.
Користете батерии, полначи, додатоци и делови одобрени
од произведувачот
Користењето на генерички батерии или полначи може да го
скрати векот на Вашиот уред или да предизвика дефект.
Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на
корисникот кога употребува додатоци или делови коишто не се
одобрени од Samsung.
Не гризете и не цицајте го уредот или батеријата
Тоа може да го оштети уредот или да предизвика експлозија.
Ако уредот го користат деца, осигурете се дека правилно го
користат.
Кога разговарате на уредот:
Држете го уредот исправено, исто како и обичниот телефон.
Зборувајте директно во микрофонот.
Избегнувајте контакт со внатрешната антена на уредот.
Допирањето на антената може да го намали квалитетот на
повикот и да предизвика уредот да емитува повеќе радио
фреквенција од потребното.
Внатрешна антена
Држете го уредот олабавено, притискајте ги копчињата лесно,
користете специјални функции за намалување на бројот на
копчиња што треба да се притиснат (како што се готови пораки
или прогнозирачки текст) и правете чести паузи.
Заштита на Вашиот слух
Слушањето со висока јачина на тонот може да му
наштети на Вашиот слух.
Слушањето со висока јачина на тонот може да
го оттргне Вашето внимание и да предизвика
несреќа.
Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред
да ги вклучите слушалките во изворот на звук
и користете го само нагодувањето за волумен
на минимум, потребно да го слушате Вашиот
разговор или музика.
Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење
или кога сте во движење
Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да одбегнете
повреди на Вас и на другите.
Не носете го уредот во задните џебови или околу
половината
Ако паднете, можете да се повредите или да го оштетите уредот.
Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред
Какви било промени или изменувања може ја поништуваат
гаранцијата на производителот. За сервисирање, однесете го
уредот во некој Samsung услужен центар.
Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може
да предизвика експлозија или пожар.
Не го обојувајте уредот и не ставајте лепенки врз него
Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да
го спречат правилното работење. Ако сте алергични на боја или на
металните делови од производот, може да почувствувате чешање,
егзема, потење на кожата. Кога тоа ќе се случи, престанете со
користење на производот и консултирајте го Вашиот лекар.
Кога го чистите Вашиот уред:
Избришете го уредот или полначот со крпа или со гума.
Очистете ги краевите на батеријата со памучно стапче или со
крпа.
Не користете хемикалии или детергенти.
Уредот не се користи доколку екранот е оштетен или
искршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и
лице. Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да
биде поправен.
Користете го уредот само за неговта наменета употреба
Одбегнете вознемирување на другите кога го користите
уредот во јавност
Не дозволувајте деца да го користат Вашиот уред
Вашиот телефон не е играчка. Не дозволувајте им на децата да
си играат со него затоа што може да се повредат и да ги повредат
другите, да го оштетат уредот или да остварат повици и да ги
зголемат Вашите трошоци.
Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание
Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема
инсталирана во Вашето возило се безбедно вградени.
Одбегнувајте поставување на Вашиот уред и дополнителен
прибор во близина или во просторот во кој се активира
воздушното перниче. Неправилно инсталирана безжична
опрема може да предизвика сериозна повреда кога воздушните
перничиња нагло се надувуваат.
Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат
Вашиот уред
Дозволувањето на неквалификувани лица да го сервисираат
Вашиот уред може да предизвика оштетување, а со тоа и
поништување на Вашата гаранција од произведувачот.
Не полнете ја батеријата со полначи коишто не се одобрени
од произведувачот
Не го користете Вашиот уред за време на грмотевици
Вашиот уред може да се расипе па ризикот од електричен удар е
зголемен.
Не справувајте се со оштетена или Литиум јонска (Li-Ion)
батерија што истекува
За безбедно исфрлање на Вашите Li-Ion батерии контактирајте го
Вашиот најблизок овластен сервисен центар.
Внимателно ракувајте и отстранувајте ги батериите и
полначите
Користете само батерии одобрени од Samsung и полначи кои
се специјално направени за Вашиот уред. Некомпатибилни
батерии и полначи можат да предизвикаат сериозни повреди или
оштетување на Вашиот уред.
Батериите или уредите никогаш не фрлајте ги во оган. Следете
ги сите локални прописи при отстранување на искористените
батерии или уреди.
Никогаш не ги оставајте батериите или уредите на или во грејни
уреди, како што се микробранови печки, шпорети или радијатори.
При преголема загреаност, батериите можат да експлодираат.
Никогаш не кршете ги и не продупчувајте ги батериите.
Одбегнувајте изложување на батериите на висок надворешен
притисок, што може да доведе до внатрешен краток спој или
преголема загреаност.
Заштитете ги уредот, батериите и полначите од оштетување
Одбегнувајте изложување на Вашиот уред и на батериите на
многу ниски или многу високи температури.
Екстремните температури можат да предизвикаат деформација
на уредот и да го намалат капацитетот на полнење и векот на
траење на уредот и батериите.
Заштитете ги батериите од контакт со метални предмети, затоа
што тоа може да предизвика краток спој помеѓу + и – половите
на батериите и води кон привремено или трајно оштетување на
батеријата.
Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Внимание: Следете ги сите безбедносни
предупредувања и прописи кога го користите
Вашиот уред во ограничени области
Исклучете го уредот кога е забранета неговата употреба
Придржувајте се кон сите прописи кои го ограничуваат користењето
на мобилниот уред во одредено подрачје.
Не користете го уредот во близина на други електронски
уреди
Повеќето електронски уреди користат радио фреквентни сигнали.
Вашиот уред може да се меша во работата на другите електронски
уреди.
Не користете го уредот во близина на пејсмејкер
Ако е можно, одбегнувајте користење на Вашиот уред во близина
од 15 цм до пејсмејкер, затоа што уредот може да се меша во
работата на пејсмејкерот.
Ако морате да го користите уредот, бидете оддалечени барем 15
цм од пејсмејкерот.
За да го минимизирате мешањето во работата на пејсмејкерот,
користете го уредот на спротивната страна на Вашето тело од
пејсмејкерот.
Не користете го уредот во болница или во близина на
медицинска опрема затоа што може да се меша во нивната
работа преку радио фреквенција
Ако користите некоја медицинска опрема, контактирајте го
произведувачот на опремата за бидете сигурни дека радио
фреквенцијата нема да влијае на работата на опремата.
Ако користите апаратче за слушање, контактирајте го
произведувачот за информации околу радио пречките
Некои апаратчиња за слушање можат да бидат попречени од радио
фреквенцијата на Вашиот уред. Контактирајте го произведувачот за
да се осигурате во безбедноста на Вашето апаратче за слушање.
Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни
окружувања
Наместо да ја отстраните батеријата, исклучете го уредот во
потенцијално експлозивни окружувања.
Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш
придржувајте се кон прописите, упатствата и знаците.
Не го користете Вашиот уред на бензински станици, во близина
на горива или хемикалии и во експлозивни области.
Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или
експлозивни материјали во истиот простор каде се наоѓа уредот,
неговите делови или дополнителниот прибор.
Исклучете го уредот кога сте во авион
Користењето на Вашиот уред во авион е незаконски. Вашиот уред
може да се меша во работата на електронските инструменти за
навигација во авионот.
Поради радио фреквенцијата од Вашиот уред,
електронските уреди во моторното возило може да имаат
дефект
Поради радио фреквенцијата од Вашиот уред, електронските
уреди во Вашиот автомобил може да имаат дефект. Контактирајте
го произведувачот за повеќе информации.
Придржувајте се кон сите безбедносни
предупредувања и прописи коишто се
однесуваат на употребата на Вашиот уред
додека возите
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното
управување со возилото. Никогаш не користете го Вашиот
уред додека возите, ако тоа е забрането со закон. За Вашата
безбедност и за безбедноста на другите, бидете совесни и
запомнете ги следниве совети:
Користете hands-free уред.
Запознајте се со Вашиот уред и со неговите погодни функции,
како што се брзо бирање и повторно бирање. Овие функции Ви
помагаат да го намалите времето потребно за остварување или
за примање повици на Вашиот мобилен уред.
Изглед на телефонот
1
Навигациско копче со
движење во 4 правци
При почетниот екран, пристап до
менија дефинирани од корисникот
(зависно од давателот на услугата,
претходно дефинирани менија може
да се разликуваат), активирање
на батериската светилка (горе) и
упатување лажен повик (долу);
во режимот Мени, движење низ
опциите на менито
Активирање на батериската
светилка
Упатување лажни повици
2
Копче за бирање
Воспоставете или одговорете на
повик; При почетен екран, вчитајте
неодамна бирани, пропуштени или
примени броеви; Испратете SOS
порака
Активирање и праќање СОС-
пораки
3
Копче за услугата на говорна
пошта
При почетниот екран, за пристап
до говорната пошта (држете
притиснато)
4
Копче за заклучување
При почетниот екран, заклучете
го или отклучете ја тастатурата
(задржете допрено)
5
Функциски копчиња
Извршуваат дејства назначени на
долниот дел од екранот
6
Копче за вклучување и
исклучување/прекинување
Го вклучува и исклучува телефонот
(задржете допрено); Завршува
повик;
Во режимот Мени, за поништување
на внесените податоци и враќање
на почетниот екран
7
Копче за потврдување
При почетниот екран, за пристап
до главното мени; во менијата, за
избор на означената опција или
потврдување на внесениот податок
во мени
8
Копче за тивок профил
При почетниот екран, за
активирање или деактивирање
на тивкиот профил (држете
притиснато)
9
Алфанумерички копчиња
2
1
4
3
5
6
8
7
9
За да спречите повреди на Вас и на другите или оштетување на Вашиот уред, прочитaјте ги следниве информации пред да започнете со употребата на Вашиот уред.
Seitenansicht 0
1 2

Inhaltsverzeichnis

Seite 1 - Мобилен телефон

www.samsung.comПравилата за изложеност на радио бранови користат единица мерка позната како Специфична стапка на апсорпција (Specic Absorption Rate)

Seite 2 - Внесување текст

Икона ОписЈачина на сигналПовик во текАктивирање на пренасочување на повикОдликата за СОС-пораки е активиранаРоаминг (надвор од нормалната област на п

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare