Почнуваме
13
Полнење на батеријата
Пред првата употреба, употребете го полначот за да ја наполните батеријата. Исто така,
може да се употреби компјутер за полнење на уредот со нивно поврзување со USB-кабел.
Користете само полначи, батерии и кабли што се одобрени од Samsung.
Неодобрените полначи или кабли, може да предизвикаат експлозија на батеријата
или оштетување на уредот.
•
Кога енергијата на батеријата е на ниско ниво, иконата за батеријата се прикажува
празна.
•
Ако батеријата е целосно испразнета, уредот не може да се вклучи веднаш кога ќе
се поврзе полначот. Оставете ја целосно празната батерија да се наполни неколку
минути пред да го вклучите уредот.
Полнење со полначот
Приклучете го малиот крај на полначот во повеќенаменскиот приклучок на уредот и
приклучете го големиот крај на полначот во електричниот приклучок.
Неправилното поврзување на полначот може да предизвика сериозно оштетување
на уредот. Штетите предизвикани од неправилно користење не се покриени со
гаранцијата.
Kommentare zu diesen Handbüchern