Опции
159
Повеќе
Прилагодете ги опциите за локациските услуги, сигурноста и други опции.
Услуги за локација
Променете ги нагодувањата за дозволите за локациските информации.
•
Пристапувај до мојата локација
: Поставете уредот да дозволува други апликации да ги
користат информациите за Вашата моментална локација.
•
Користи сателити GPS
: Поставете уредот да користи сателит GPS за пронаоѓање на Вашата
моментална локација.
•
Користи безжични мрежи
: Поставете уредот да дозволи собирање информации и да се
одреди локацијата на Вашиот изгубен или украден уред преку мрежа Wi-Fi или мобилна
мрежа.
•
Мои места
: Поставете профили кои ќе се користат за конкретни локации кога користите GPS,
Wi-Fi или Bluetooth за пронаоѓање на Вашата моментална локација.
Сигурност
Променете ги опциите за безбедност на уредот и за SIM или USIM-картичката.
•
Шифрирање на уредот
: Поставете лозинка за шифрирање на податоците зачувани на уредот.
Лозинката морате да ја внесувате при секое вклучување на уредот.
Наполнете ја батеријата пред да ја овозможите оваа опција бидејќи може да биде
потребно повеќе од еден час за да се шифрираат податоците.
•
Шифрирај надворешна SD-картичка
: Поставете уредот да ги шифрира сите фајлови на
мемориската картичка.
Ако го ресетирате уредот на фабричките стандардни вредности, а оваа функција е
овозможена, уредот нема да може да ги прочита Вашите шифрирани фајлови. Исклучете ја
оваа опција пред да го ресетирате уредот.
Kommentare zu diesen Handbüchern