Основни информации
33
Почетен екран
Почетниот екран е почетната точка за пристап до сите одлики на уредот. На него се
прикажани икони за индикатор, виџети, кратенки до апликации и др.
Почетниот екран има повеќе прозорци. За преглед на други панели, лизгајте налево или
надесно.
Прераспоредување ставки
Додавање ставки
Задржете допрено една апликација или папка од екранот со апликации, и потоа одвлечете
го во почетниот екран.
За да додадете виџети, допрете и задржете една празна област на почетниот екран, допрете
Виџети
, допрете и задржете еден виџет и потоа одвлечете го на почетниот екран.
Преместување ставка
Допрете и задржете ставка и одвлечете ја на нова локација. За преместување во друг панел,
влечете ја кон страната на приказот.
Отстранување ставка
Допрете и задржете ставка, и потоа одвлечете ја до корпата за отпадоци што се појавува
на горниот дел од почетниот екран. Кога корпата за отпадоци ќе стане црвена, отпуштете ја
ставката.
Kommentare zu diesen Handbüchern