Поставувања
130
Пристапност
Користете ја оваа одлика за да ја подобрите пристапноста до уредот.
На екранот Нагодувања, допрете
УРЕД
→
Пристапност
.
•
Вид
: Приспособување на поставките за подобрување на пристапноста за корисници со
пречки во видот.
–
TalkBack
: Активирајте го Talkback кој овозможува говорни повратни информации.
За да ги видите информациите за помош за учење како да ја користите оваа одлика,
допрете на
ПОСТАВУВАЊА
→
Активирајте го упатството „Истражувај со допир“
.
–
Префрлете пристап
: Поставување на уредот да овозможи контрола на менијата на
екранот со притискање на физичките копчиња на уредот.
–
Темен екран
: Поставете уредот да го исклучува секогаш екранот за да ја зачува
содржината на Вашиот екран приватна.
–
Брзо внесување со тастери
: Поставете уредот да внесува знак кога го отпуштате
Вашиот прст од знакот на тастатурата. Можете да ја користите оваа одлика за да
внесувате знаци наместо да го отпуштате Вашиот прст и да допирате двојно на
екранот.
–
Изговарај лозинки
: Поставете уредот да ја чита на глас лозинката кога ја внесувате
додека е активирана TalkBack.
–
Големина на букви
: Променете ја големината на буквите.
–
Фонтови со голем контраст
: Приспособете ја бојата и контурата на фонтот за да го
зголемите контрастот меѓу текстот и заднината.
–
Гестови за зголемување
: Го поставува уредот да го зголемува екранот и да зумира
конкретна област.
–
Потсетник за известување
: Поставете потсетник што ќе Ве предупредува за
известувања што не сте ги провериле во меѓувреме.
–
Негативни бои
: Инвертирајте ги прикажаните бои за подобрување на видливоста.
–
Прилагодување бои
: Прилагодете ја шемата со боите за екранот ако уредот утврди
дека сте далтонист или имате потешкотии при читање на содржината.
–
Кратенка за пристапност
: Поставете го уредот да активира Talkback кога ќе
притиснете и ќе го задржите копчето за вклучување/исклучување и потоа ќе допрете
и ќе го задржите екранот со два прста.
–
Опции за текст во говор
: Изменете ги нагодувањата за одликите текст во говор кога
е активирана TalkBack, како на пример јазици, брзина и друго.
Kommentare zu diesen Handbüchern