Samsung GT-P5200 Bedienungsanleitung Seite 2

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 110
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 1
2
Информации за ова упатство
Уредот Ви овозможува висококвалитетна мобилна комуникација и забава, користејќи ги
високите стандарди и технолошката експертиза на Samsung. Ова упатство за корисникот е
специјално дизајнирано да Ви даде детални информации за функциите и одликите на уредот.
•
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да го користите уредот за да
осигурате негова безбедна и правилна употреба.
•
Описите се засновани на стандардните нагодувања на уредот.
•
Сликите и сликите од екранот може да се разликуваат во нивниот изглед од вистинскиот
производ.
•
Содржината може да се разликува од крајниот производ или од софтверот доставен
од операторите или носачите и е предмет на промена без претходно известување.
За најновата верзија на ова упатство, посетете ја интернет-страницата на Samsung,
www.samsung.com
.
•
Содржините (содржини со висок квалитет), за кои е потребен силен CPU и многу
RAM меморија, ќе имаат влијание врз изведбата на уредот. Апликациите поврзани со
содржината може да работат неправилно во зависност од спецификациите на уредот и
средината во која тој се користи.
•
Достапните функции и додатните услуги можат да се разликуваат во зависност од уредот,
софтверот и од операторот.
•
Апликациите и нивните функции може да се разликуваат по земја, регион или
спецификациите на хардверот. Samsung не е одговорен за проблеми со перформансите
предизвикани од апликации од кој било друг провајдер, освен Samsung.
•
Samsung не е одговорен за проблеми со перформансите или некомпатибилностите
предизвикани со менувањето на Нагодувања на регистарот или менувањето на
софтверот на оперативниот систем. Обидите да се прилагоди оперативниот систем може
да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред или на апликациите.
•
Софтверот, звучните извори, заднините, сликите и другите медиумски содржини
понудени во овој уред се лиценцирани за ограничена употреба. Преземањето и
користењето на овие материјали за комерцијални или други цели е прекршување
на законите за авторски права. Корисниците се целосно одговорни за незаконско
користење на медиумите.
•
Може да настанат дополнителни трошоци за податочните услуги, како што се
разменување пораки, поставување и преземање, автоматска синхронизација или
користење услуги за лоцирање. За избегнување дополнителни трошоци, изберете
соодветен податочен тарифен план. За подетални информации, контактирајте го Вашиот
оператор.
Seitenansicht 1
1 2 3 4 5 6 7 ... 109 110

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare